SBS Macedonian - СБС Македонски

Растат тензиите додека Јапонија подготвува големи промени во својата воена стратегија
До крајот на годината, Јапонија треба да ја претстави својата нова стратегија за национална безбедност - документ што се објавува на секои четири години. Се очекува таа да го трасира патот за голема воена реорганизација и да ја доведе до кулминација тензијата помеѓу паcифистичкиот идентитет на Јапонија и нејзината моментална стратешка реалност. Никаде оваа тензија не е поизразена отколку на Окинава - која е поблиску до Тајван отколку до Токио - и каде што лузните од Втората Cветска Bојна се длабоки. На островите веќе се наоѓаат 31 американска воена база, за кои Кина во повеќе наврати навести дека би можела да ги нападне оваа година. #sbsaudiopodcast
Audio and video play straight from the show's own hosting. PodSubs stores and serves no media.

